И вака може во Русија: Српски тренер доби отказ среде натпревар
Руските медиуми објавија дека отказот му бил доделен во текот на мечот против Акрон (2-2) иако официјално, информацијата беше објавена по неговото завршување. Веста потоа ја потврди генералниот директор на клубот Давид Мелик.
„Илиќ е сменет, тоа е одлука на директорскиот одбор“, изјави Мелик за тамошните медиуми.
Србинот беше назначен за тренер на Нижњни Новгород во мај 2024 година, а во моментот кога доби отказ се наоѓаше на 11. место на табелата во руското првенство.