Холштајн Кил го запре шампионот, Борусија загуби на гостувањето во Берлин

Баер Леверкузен одигра 2-2 против Холштајн Кил, додека Борусија Дортмунд загуби со 1-2 од Унион Берлин во шестото коло од германската Бундеслига.

„Фармацевтите“ имаа одличен старт на мечот и по само осум минути стигнаа до водство од 2-0 со головите на Бонифејс и Хофман, а потоа им беше поништен и гол од ВАР-собата.

Холштајн Кил во завршницата од првото полувреме намали на 1-2 преку Гешвил, додека Арп од пенал во 69. минута стрелаше за 2-2.

Дербито во Берлин заврши со победа на домаќиниот Унион кој во првото полувреме стрелаше преку Вогт и Вертесен, додека на 1-2 намали Рајерсон во 62. минута.

На останатите натпревари, Волфсбург славеше против Бохум со 3-1, додека Вердер Бремен загуби од Фрајбург со 0-1.