Најбрзиот човек во светот поради измама изгубил 12 милиони долари!

Светскиот рекордер на 100 метри, Усеин Болт тврди дека бил измамен и загубил 12 милиони долари.

Медиумите откриваат дека Болт вложил 12 милиони долари во јамајканската компанија „Стокс и Секјуритис Лимитед“.

„Усеин е разочаран и фрустриран. Шокиран е од својата држава, која ја стави на светската мапа со своите спортски успеси. Тој вложил пари, кои сега не може да ги врати“, вели адвокатот на Болт.

Компанијата била под истрага, а на крајот пропаднала, откако се докажало дека измамила инвеститори за вкупен износ од 1,2 милијарди долари.