Продолжи агонијата на Вардар: Струга лесно го реши најтрофејниот клуб!
Вардар по само три минути беше матиран од Струга, која со голот на Беким Камбери го презема водството на гостувањето во Скопје.
„Црвено-црните“ го возвратија ударот преку српскиот фудбалер Немања Босанчиќ кој ги матира гостите и израмни на 1-1, но во завршницата на првиот дел Струга преку Басиру Кампаоре го врати водството.
На почетокот на вториот дел, навивачката група „Комити“ со погрдни скандирања го нападна голманот Филип Гачевски, а набрзо Струга уште двапати ја затресе мрежата на скопскиот клуб преку Кампаоре.
Екипата од Дебар Маало е лидер со 19 бодови, по што следи Шкендија со 18, Гостивар со 17, Струга со 15, Силекс има 14, Шкупи 12, Брера 11, Пелистер 10, Беса 9, Тиквеш 7, Вардар 7 и Воска 5 бода.
Резултати - 9. коло ПМФЛ:
Гостивар – Беса 1-1
Пелистер – Тиквеш 0-0
Шкупи – Брера Струмица 3-1
Силекс – Шкендија 0-0
Вардар – Струга 1-4
Воска – Работнички 0-2