Капитенот на Ц. Звезда направи нешто незамисливо во Србија – остро му одговори на Вучиќ!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, неодамна даде свое видување за убедливиот пораз на Црвена Звезда на гостувањето кај Интер (0-4) во Лигата на шампионите.

Тој остро ги нападна изјавите на поединци од црвено-белиот табор.

„Срам ми е и кога играчите на Звезда губат со 0-4, а велат дека не се фасцинирани од тие што ги победиле“, истакна Вучиќ, алудирајќи на изјавата на капитенот Урош Спајиќ по мечот.

Фудбалерот на овој напад веднаш реагираше на Инстаграм со остар одговор до Вучиќ, но многу брзо ја избриша објавата.

„Никогаш не сум се рекламирал на ваков начин, но сега чувствувам потреба поради навивачите на мојот клуб и изјавата по натпреварот со Интер што ја дадов. Ниту еден момент не сакав да ја омаловажам победата на Интер, само сакав да го потврдам она што сите го видоа, дека речиси сами си ги дававме головите. Третиот гол е моја вина и одговорност, никогаш не сум бегал од одговорноста, па затоа и сега немам причина за такво нешто. Јас пораснав во Црвена Звезда, играм за неа со срце. Ако јас сум проблемот, тогаш нема проблем! Ц. Звезда е над се“, напиша Спајиќ.