Ливерпул кај „милионерите“ ја најде замената за Салах и сака - веднаш да ја зграпчи!

Мохамед Салах (32) е најголемата ѕвезда на Ливерпул во последните седум години, кој веќе најави можно заминување од „Енфлид“ на крајот од оваа сезона, поради што челниците на овој тим напорно работат во наоѓање на негова замена.

Според „Билд“, премиерлигашот веќе го има првиот „пик“ за наследник на Египќанецот и тоа во таборот на Борусија Дортмунд. Станува збор за Каарим Адејеми (22 години), кој сезонава игра во фантастична форма за што доказ е брзиот хет-трик во триумфот над Селтик (7-1) во ЛШ.

Тој е крилен напаѓач и член на германската репрезентација до 21 година, а претходно бил член на ТСВ Форстенриед, Баерн и Унтерахинг. Австриски Салцбург го донесе како 16-годишник за десет милиони евра, а таму постигна 33 и намести 24 гола на 94 натпревари. „Милионерите“ пред две години за него платија 30 милиони евра, а од доаѓањето во Дортмунд забележа 74 настапи со 19 гола и 13 асистенции. Договорот на Адејеми со бундеслигашот е до летото 2027 година, а неговата моментална вредност се проценува на 28 милиони евра.

Салах, пак, одигра 358 натпревари за Ливерпул и постигна 217 гола со 94 асистенции, а со англискиот клуб освои осум трофеи. Неговиот договор е до летото 2025 година, но самиот најави дека сака да си замине по крајот на сезоната.