Силекс го чека Шкупи, Тиквеш му доаѓа на Вардар, а двете Шкендии ќе се „чистат“ меѓусебе!

Лидерот на прволигашката табела во моментов, тетовска Шкендија, го доби џекпотот на денеѓната ждрепка за осминафиналето во Купот на Македонија, со оглед што за противник го доби единствениот третолигаш – Шкендија Арачиново.

Најзвучна двојка, пак, е пресметката помеѓу два поранешни шампион, Силекс и Шкупи, која ќе се одигра во Кратово. Ништо омалку интересно нема да биде ниту во Скопје, каде што Вардар ќе го пречека Тиквеш, особено по прекинатиот дуел помеѓу овие два тима од пред неколку дена во Кавадарци. Актуечниот шампион Струга за ривал доби второлигаш, но тоа не значи дека ќе има лесна задача бидејќи против себе ќе го има повеќекратниот куп-победник, тимот на Македонија Ѓорче Петров.

Натпреварите ќе се одиграа на 23 октомври од 14 часот, а ако нема победник по регуларниот дел веднаш ќе се изведуваат пенали.

Куп на Македонија 1/8 финале:

БРЕРА - БЕСА

ВАРДАР - ТИКВЕШ

ГОСТИВАР - БРЕГАЛНИЦА

ПЕЛИСТЕР - ДЕТОНИТ

ШКЕНДИЈА Тетово - ШКЕНДИЈА Арачиново

СТРУГА - МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.

СИЛЕКС - ШКУПИ

АРЕСИМИ - ВОСКА