Намалена казната на Погба - следната година му се враќа на фудбалот!

Францускиот фудбалер Пол Погба беше суспендиран на четири години, меѓутоа неговата казна беше намалена, па така тој ќе може да тренира од јануари 2025 година.

Погба може да почне со тренинзи за „Старата дама“ во јануари, а потоа со официјални настапи за клубот од март 2025 година.

Санкцијата на Погба од четири години беше намалена на 18 месеци, а исто така Французинот нема да плати ниту судски трошоци.

Погба беше суспендиран поради позитивен допинг тест кој го направил во август 2023 годинапо мечот против Удинезе.