Јокиќ не го заборава дуелот од Олимписките игри: Најтежок пораз во мојата кариера
На првото место е поразот во дуелот со САД, во полуфиналето на неодамнешните Олимписки игри во Париз. Тоа го призна самиот Јокиќ при пристигнувањето во Абу Даби на традиционалните претсезонски натпревари.
„Тоа беше добар натпревар и сигурно најголем пораз во мојата досегашна кариера. Голема шанса, но ете... на крајот не победија. Некои луѓе гледаат на тоа како нормален пораз, но нам, кои игравме, ни е најтежок“, рече Јокиќ.
Србија на тој натпревар имаше предност и од 17 поени разлика, но не успеа да ги сочува и Американците славеа во неизвесниот финиш.