Бјелица се „крстеше“ во нашиот Адеми, а тој беше - најлош на теренот!

Поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми е најлошо оценет играч на синоќешниот меч од Лигата на шампионите меѓу Динамо Загреб и Монако.

Хрватскиот шампион со 2-0, но на крајот освои само бод откако во последните 15-тина минути прими два гола. Адеми на теренот помина 63 минути, во првото полувреме доби жолт картон, но многумина сметаат дека за својот старт заслужи да биде исклучен. Од угледниот француски весник Лекип доби оценка 3, а најблиску до него во тимот на Динамо беа голманот Невистиќ и Бернауер кој направи пенал во финишот од мечот.

Ваквиот ефект на Адеми дојде на мечот на кој тренерот Ненад Бјелица го посочи како „тајно оружје“ на Динамо и од него очекуваше да биде лидер во средниот ред. Македонскиот интернационалец е еден од најискусните во овој состав на Динамо, но сега ја загуби битката со противничките фудбалери што, секако, не го намалува неговиот придонес во големите успеси што ги бележу хрватскиот гигант последните сезони.