Левандовски стана само втор играч во историјата на ЛШ со најмалку 10 гола за три клуба

Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски вечерва ја поведе Барселона кон убедлив триумф против Јанг Бојс со 5-0, а самиот учествуваше со два гола.

Со нив стигна до вкупно 96 во елитното натпреварување и многу веројатно до крајот на сезоната ќе ја пробие границата од 100 гола со што ќе им се придружи на Кристијано Роналдо и Лионел Меси како трет кому му успеало тоа. Освен ова, Левандовски се запиша во историјата на Лигата на шампионите по уште еден параметар.

Тој стана само втор фудбалер во постоењето на елитното натпреварување кој постигна барем по 10 гола за три клуба. За Борусија Дортмунд реализира 69, за Баерн 69, а со денешните два, до 10 за Барселона. Претходно, тоа му успеа само на Роналдо кој погодуваше за Манчетсер Јунајтед (16), Реал (105) и Јувентус (14).