Магдебург ќе се бори со Веспрем за светската титула!

Германскиот гигант Магдебург вечерва славеше со 28-24 против Ал Ахли и се пласира во финалето на Светското клупско првенство во ракомет, каде што ќе се соочи против Веспрем.

Ал Ахли беше одличен во првото полувреме и го доби со 15-12, по што бундеслигашот почна да се буди во вторите 30 минути.

Бундеслигашот долго време се трудеше да ја разбие одбраната на Ал Ахли и тоа им успеа на финишот на вториот дел, кога со серија од 6-0 го сврте мечот во своја корист (26-22).

Веспрем претходно славеше против Барселона по продолжение со 39-34.