Усвоена жалбата на Јунајтед - црвениот картон на Бруно Фернандес е поништен

Дисциплинската комисија на Премиер лигата ја усвои жалбата на Манчестер Јунајтед и го избриша црвениот картон што во неделата го доби Бруно Фернандес на мечот против Тотнем.

Португалецот беше исклучен во 42. минута кога судијата Каванаг му покажа директен црвен картон. Тој негодуваше, стручниот штаб на Јунајтед исто така, но главниот арбитар остана на својата одлука и го испрати во совлекувална.

Поништениот црвен картон значи дека Бруно Фернандес нема да добие суспензија од три натпревари и ќе му биде на располагање на Тен Хаг.