Синер се правда по допинг-скандалот: Не ги прекршив правилата!
Светската анти-допинг агенција (ВАДА) побара санкција за Синер, но италијанскиот тенисер вели дека не ги прекршил правилата.
„Ова не е ситуација во која сакам да бидам. Си повторувам дека не направив ништо погрешно, не ги прекршив правилата. Разочаран сум поради ова што се случува, но се обидува да останам фокусиран на предизвиците на теренот. Ова е тежок момент за мене, но и за мојот тим“, кажа Синер.
Синер двапати бил позитивен на допинг, но не доби суспензија откако Меѓународната агенција за интегритет во тенисот утврди дека Италијанецот имал контакт со супстанцата кклостебол при масажа од неговиот поранешен физиотерапевт.