Ѕвезда на Манчестер сити мора да плати 18 милиони евра за да си го спаси бракот!

Фудбалерот на Манчестер сити, Кајл Вокер ќе мора да плати 18 милиони евра за да го спаси неговиот брак, откако сопругата Ани Килнер решила да побара дел од богатството.

Вокер во изминатите години имаше афера со Лорен Гудман со која има две вонбрачни деца, а во претходните месеци се обидел да ги поправи односите и за тоа дознала Килнер.

„Кајл и Вокер се караат за сè. Му кажа дека ќе размисли да се смират само ако ѝ даде половина од неговото богатство. Таа знае дека ќе добие половина од парите ако си замине, но сака да ги поправи односите, но и покрај тоа бара голем дел од богатството на фудбалерот“, открива извор за британски „Сан“.

Килнер и Вокер преку нивните адвокати веќе се обиделе да ги договорат финансиските детали, но засега нема напредок во преговорите.