Фернандеш: Ги изневерив соиграчите, но не заслужив црвен картон

Mанчестер Јунајтед дожвиеа ново разочарување во Премиер лигата со вчерашниот пораз од Тотнем кој за нив беше трет од почетокот на првенството во шест одиграни натпревари.

На домашен терен избраниците на Ерик Тен Хаг одиграа лошо и целиот тим одигра под нивото на кое треба да биде.

Капитенот на тимот Бруно Ферннадеш беше исклучен пред крајот на првото полувреме, а по дуелот зборуваше пред новинарите.

„Сакав да дојдам тука и да разговарам бидејќи јас сум таков, моите соиграчи заслужија респект затоа што останаа со десетмина до крајот на натпреварот. Бидејќи јас бев тој кој беше исклучен, јас тум кој ги изневери. Тимот покажа многу карактер, борбеност и отпор. Се обидоа, но не беше лесно“, изјави Фернандеш.

Сепак, смета и дека престрого бил исклучен.

„Тоа не беше за црвен картон, барем јас така мислам. Да, беше фаул, судијата се обиде да ми каже дека видеото јасен доказ за контактот со ѓонот, но не беше така. Не го допрев со крампоните или долниот дел од стапалото. Да добиев жолт картон затоа што имаа напад, ќе се согласев, но не повеќе од тоа“, се бранеше капитенот на Манчестер Јунајтед.

По шест кола во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед има три порази, две победи и едно реми.