Делии во Милано ги построија фудбалерите на Звезда: Немате од што да се плашите (ВИДЕО)

Иако не можат во живо да го следат натпреварот меѓу Интер и Црвена Звезда, навивачите на белградскиот клуб вчера пристигнаа во Милано да им дадат поддршка на своите фудбалери.

Ги построија пред хотелот каде што беа сместени, а водачот на групата им одржа лекција во врска со дуелот со шампионот на Италија.

„Тргнете ги тие намрштени лица. Луѓе поминаа 2.500 километри за да ве поддржат, а не можат утре да влезат поради полиција. Немате од што да се плашите, да не се плашеше цела Италија од Звезда и нејзините навивачи, сега тука ќе има 5-6.000 луѓе. Знаете да играте фудбал, ние сме со вас колку што можеме“, им порача тој.

Ова е прво од двете гостувања на Звезда во Милано бидејќи како ретко која екипа оваа сезона, за противници во Лигата на шампионите ги доби двата тима од овој град. Италијанската полиција забрани влез за навивачите на „Џузепе Меаца“, па таму ќе има само домашни фанови.