Опцијата за Бугарија пропадна, Балотели во преговори со шпански третолигаш

Некогашниот италијански репрезентативец Марио Балотели од година во година паѓа се пониско кога станува збор за неговата играчка кариера, но не планира да замине во пензија.

Откако минатата сезона ја помина во турската Адана, сега има можност да заигра во Третата лига на Шпанија. Како што информираат оттаму, тој се наоѓа на преговори со тимот на Интерсити од Аликанте и би можел до крајот на денов официјално да стане играч на овој клуб. Дури ни во оваа Третата лига, Интерсити не е клуб од врвот и по шест одиграни кола се наоѓа на 15. позиција од 20 екипи во неговата конференција.

Претходно Балотели преговараше со ЦСКА Софија, но изгледа дека преговорите таму завршиле неуспешно. Последните четири сезони, 34-годишниот напаѓач не играл за ниеден врвен клуб, туку за Бреша, Монца, Сион и во два наврата Адана. Претходно, на почетокот од кариерата играше за гиганти како Интер, Манчестер Сити, Милан и Ливерпул, а има и 36 настапи за италијанската репрезентација со 14 постигнати голови.