Синер е разочаран и изненаден од барањето на ВАДА тој да биде суспендиран!
Се веруваше дека италијанскиот тенисер ќе мине без суспензија, но ситуацијата се менува и тој би можел да биде казнет.
„Не можеме да ги контролираме сите работи, нели? Јасно е дека сум многу разочаран и изненаден со таа жалба, да идам искрен, бидејќи имавме три сослушувања и сите три завршија многу позитивно за мене. Па, не го очекував ова. Знаев веќе неколку дена дека тие ќе се жалат и дека денеска ќе биде официјално, па така...“, рече Синер.