Сејдини имал среќа - поминал без посериозни повреди при нападот

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини синоќа бил физички нападнат од маскирани лица додека си заминувал од еден познат скопски ресторан.

Напаѓачите го пречекале првиот човек на македонскиот фудбал на паркинг и, според информациите, го претепале, но Сејдини, сепак поминал без посериозни повреди. Тоа го откри самиот тој во изјава за телевизијата Клан Македонија.

„Во моментов не знам кој го изврши нападот. Бев во ресторанот и во моментот кога заминав на паркингот бев нападнат од три лица. Фала богу, лесно поминав. Се надевам дека органите на МВР и сите надлежни институции ќе преземат мерки за расветлување на случајот“, рече Сејдини.

Од МВР имаше потврда за инцидентот и објава дека се трага по сторителите. Нападот се случил синоќа во вечерните часови.