Мото ГП го продолжи договорот: Уште две години ќе се вози во Португалија

Трката за Големата награда на Португалија во Мото ГП ќе се вози уште нејмалку две години, откако соработката беше продолжена до 2026 година.

Продолжувањето на договорот не беше сигурно поради враќањето на трката во Унгарија, а исто така и Чешка беше во конкуренција да се врати со уште една трка.

Сè уште не е целосно познат распоредот за 2025 година, но неколку трки веќе имаат датуми како таа во Тајланд на 2 март, па Франција од 9 до 11 мај, додека за Португалија уште не е одреден датум.