Пешиќ, сепак, ќе остане селектор на Србија?

Српската кошаркарска репрезентација најверојатно и во иднина на кормилото ќе го има тренерот Светислав Пешиќ, иако му заврши договорот.

Медиумите од нашиот северен сосед пишуваат дека Пешиќ ќе потпише договор откако ќе се избере претседател на кошаркарскиот сојуз на Србија.

„Идејата е Пешиќ да добие повеќегодишен договор, а со тек на време во стручниот штаб да се ангажира тренер кој ќе се подготвува да го наследи Светислав на позицијата“, пишува српски „Курир“.