Вечното дерби меѓу Партизан и Ц. Звезда ќе се игра и покрај оштетениот терен! (ФОТО)
Во текот на ноќта хулиганите влегле во стадионот и го руинирале теренот до степен што не се знаеше дали дербито ќе се одигра. На теренот има фрлено големи количини на киселина и стакло.
Но, последните информации од Србија велат дека мечот меѓу Партизан и Црвена звезда сепак ќе се игра и покрај оштетениот терен.
Луѓето од Партизан работат напорно колку што можат да го вратат теренот во нормална состојба, имаат помош и од Комуналното претпријатие од каде со нивните машини ќе го отстранат стаклото кое го има по теренот.