Не го издржа притисокот од навивачите на Рома, извршната директорка си поднесе оставка!
Лина Сулуку кумуваше на отказите на Жозе Мурињо и Даниеле Де Роси, па насобраниот гнев на фановите на Рома кулминираше деновиве со нивната најава за бојкот на мечот против Удинезе.
По отказот на Де Роси, низ медиумите се појави информација дека толку имал неколку кавги со Сулуку пред да добие отказ.
Ваквата информација ја промовираше како непријател број еден на фановите на Рома, по што таа реши да си поднесе оставка.