Второлигашите повторно во погон, Македонија ЃП и Брегалница очекуваат лесни победи

По паузата поради настап на македонската аматерска репрезентација, второлигашите се враќаат на сцена со петтото коло од новата сезона, иако не е одиграно четвртото кое е закажано за во среда.

Македонија Ѓорче Петров и Брегалница кои целат за експресно враќање во Првата лига, на хартија имаат лесни задачи.

Ѓорчепетровци ја пречекуваат Саса, додека штипјани се домаќини на Осогово во дербито на истокот.

Кожуф кој е третиот тим без пораз, но со едно реми, во Гевгелија ќе го пречека тимот на Вардар Неготино.

Двојки за 5. коло во ВМФЛ:

Македонија ЃП - Саса
Брегалница - Осогово
Кожуф - Вардар Неготино
Арсими - Новаци
Беласица - Победа
Борец - Вардарски
Детонит - Скопје
Охрид - Башкими