Тренерот Месина со пофалби за Димитријевиќ по официјалното деби на Македонецот

Ненад Димитријевиќ вчера првпат настапи на официјален меч за Олимпија Милано, македонскиот кошаркар беше најдобар стрелец во победата над Венеција во полуфиналето од Суперкупот на Италија.

Пофалби за Димитријевиќ стигнаа од тренерот на Милано, Еторе Месина.

„Димитријевиќ одигра добро, тој е квалитетен кошаркар, го знаевме тоа, дојде по одлична сезона во Казан“, рече Месина.

Финалето од Суперкупот на Италија се игра денеска со почеток од 18 часот. Милано ќе се сретне со Виртус Болоња која вчера беше подобра од Наполи со 96-87.