Алкалоид сигурен против Бутел, Пелистер го растури Бисинов

Фаворитите дојдоа до рутински победи во третото коло од ракометната Суперлига, Алкалоид со 34-27 славеше на гостувањето кај Бутел, а Пелистер со 41-21 го победи Бисинов на негов терен.

Алкалоид ја забележа третата победа од исто толку натпревари оваа сезона. Денеска лесно се справи со Бутел. На полувремето беше 19-13, а потоа го контролираа мечот за конечни 34-27.

Најдобри ракометари во составот на Алкалоид беа Бинго кој постигна седум гола и Костески кој даде шест, толку имаше и Серафимов. Во Бутел најефикасен беше Николов со шест гола.

Пелистер доминираше во текот на целиот меч во Велес кај Бисинов, првото полувреме го доби со 20-9, а не запре ниту во продолжението од мечот. Конечниот резултат беше 41-21.

Најдобар стрелец беше Филип Кузмановски со 13 голови, за велешани Ивица Илиев реализираше осум.

Сигурна победа забележа и Охрид кој со 30-26 беше подобар од Прилеп на гостински терен.

Струга го изненади Пролет победувајќи го со 34-29.