Еден од најубавите во сезоната: Еврогол на Дарвин Нуњез (ВИДЕО)

Ливерпул веројатно во едно полувреме го реши прашањето на победникот во натпреварот против Бормут бидејќи избраниците на Арне Слот имаат предност од 0-3.

Првите два гола за Ливерпул набрзина во 26. и 28. минута ги постигна Луис Дијаз, додека третиот беше вистински еврогол на Уругваецот, Дарвин Нуњез. Фудбалерот на Ливерпул на мајсторски начин ја погоди подалечната страна и голманот на домаќините остана без шанси да интервенира.