Ландо Норис до пол-позиција на трката во Сингапур
Норис ги заврши квалификациите со време од 1:29,52, додека веднаш зад него ќе биде актуелниот шампион Макс Верстапен.
Од вториот ред ќе стартуваат Луис Хамилтон и Џорџ Расел од Мерцедес, а потоа ќе следат Пиастри, Хулкенберг, Алонсо и Џунода.
Денешниот ден беше лош за Ферари бидејќи Шарл Леклер и Карлос Саинц ќе стартуваат од деветтото и десеттото место.
Утрешната трка е закажана за во 14:00 часот.