ФИФА го испрати Реал Мадрид директно во финалето на Интерконтиненталниот куп во Доха

Светската фудбалска организација ФИФА донесе одлука европскиот шампион во овој случај Реал Мадрид да оди директнно во финалето на Интерконтиненталниот куп во Доха.

Европскиот шампион претходно играше и полуфинале, но сега ќе има директно место во финалето каде што ќе се бори за титулата.

Борбата за светската титула ќе започне задутре кога ќе играат Ал Аин како шампион на Азија и Оукленд Сити, шампионот од Австралија. Победникот од натпревар ќе оди на меч против египетскиот Ал Ахли, додека на 11-ти декември Пачука ќе се соочи со победникот од Копа Либертадорес која се уште е во тек.

Завршницата на турнирот ќе биде во Доха и таму ќе играат победниците од овие два дуели на 14-ти декември, а на 18-ти декември тимот кој ќе стигне до финалето ќе ги одмери силите со „кралевите“.