Челси го победи Вест Хем за втор триумф во низа (ВИДЕО)
Кудус ја имаше првата шанса на натпреварот, но веќе во наредниот напад на спротивната страна Николас Џексон погоди и уште во четвртата минута донесе предност за гостите.
Се играше 18. минута кога истиот играч повторно ја затресе противничката мрежа за 0-2.
До крајот на првиот дел Челси создаде и уште некоја прилика, а свои шанси имаше Вест Хем, сепак резултатот не се промени.
Само што започна вториот дел во 47. минута по двата гола Џексон запиша и асистенција, додека Палмер стрелаше за 0-3. Резултат кој се покажа и како конечен.