Џексон решета, Челси го гази Вест Хем (ВИДЕО)

Помалку од 20 минути игра му беа потребни на Челси да дојде до убедливо водство од 2-0 на гостувањето кај Вест Хем, во првиот меч од петтото коло на Премиер лигата.

Двата гола се дело на Николас Џексон кој во четвртата минута го донесе својот тим во водство, а во 18. зголеми на 2-0. При првиот гол, Сенегалецот го искористи додавањето на Санчо за по продор да го совлада противничкиот голман, а потоа Каиседо му асистираше за уште поубедливо водство.

 

Челси досега има максимален ефект на гостувањата бидејќи на двата меча надвор од својот стадион ги победи Вулверхемптон со 6-2 и Борнмут со 1-0.