Ница со осум гола го распарчи Сент Етјен
Сент Етјен по само четири минути игра си постигна автогол и го најави распадот, затоа што во продолжение на првиот дел прими уште пет гола.
Најпрво стрелаше Ндомбеле, па Чо, а потоа во листата на стрелци двапати се запиша укоко и еднаш Гуесан.
Гостите не се разбудија ниту во вториот дел, а тоа го искористи Ница за да погоди преку Диоп и Росарио.