Официјално: Хрват го презема кормилото на Рома

Даниеле Де Роси утрово доби отказ од Рома, а калчолигашот не чекаше долго пред да ја постави неговата замена, а тоа е Хрватот Иван Јуриќ.

Јуриќ го победи Масимилијано Алегри во битката за кормилото на Рома и потпиша едногодишна соработка со гигантот од Рим.

Хрватот во неговиот договор доби и специјална клаузула, односно ќе му биде продолжена соработката на уште една сезона ако Рома се пласира во Лигата на шампиони.