Продолжуваат проблемите за Анчелоти, Реал остана без уште еден играч
Дијаз се повреди во првото полувреме од вчерашниот натпревар на Реал Мадрид против Сосиедад.
Првичните информации беа дека Дијаз ќе паузира околу четири недели, но дополнителните тестови покажаа дека ќе отсуствува дури три месеци.
Отсуството на Брахим на така долг период е тежок удар за Реал Мадрид бидејќи сигурно ќе беше и тоа како важен играч во напорниот распоред кој го чека тимот на Анчелоти.