Тухел е еден од кандидатите за кормилото на Милан

Милан оваа сезона има лош почеток и поради тоа големи критики добива тренерот Пауло Фонсека, кој наскоро би можел да добие отказ, а калчолигашот наводно веќе активно работи на негова замена.

Еден од кандидатите за кормилото на „росонерите“ е Германецот Томас Тухел кој во моментов е слободен агент.

Тухел претходно во кариерата работеше во Баерн Минхен, Челси, ПСЖ, Борусија Дортмунд и Мајнц.