Тодороски со два гола му донесе победа на Спартак
Играчот од средниот ред погоди прво во 15., а потоа во 57. минута што беше доволно тимот од Суботица да дојде до исклучително важен триумф. Ова е втора победа за Спартак сезонава во првенството и за двете најзаслужен е Тодороски.
Претходно, во четвртото коло, тој го постигна единствениот гол во дуелот против Раднички кога погоди од слободен удар. Овие три гола се единствени за него сезонава во српскиот шампионат.