Инѕаги: Сакав да урнам уште еден рекорд на Манчестер сити
Тренерот на „нераѕурите“, Симона Инѕаги кажа дека е задоволен од играта на неговиот тим, но сакал да урне барем уште еден рекорд на „граѓаните“.
„Задоволен сум од нашата игра. Мило ми е што не примивме гол на гостувањето во Манчестер. Ќе бев посреќен доколку им го уништев и другиот рекорд. Знам дека се непоразени на домашен терен од 2018 година“, кажа Инѕаги.