Челси не успеа да го продаде: Чилвел добива шанса кај Мареска
Бен Чилвел беше во немилост на тренерот Енцо Мареска и требаше да замине од „Стемфорд бриџ“, но лондонскиот тим не успеа да му пронајде нова екипа.
Мареска немаше друг избор и мораше да го вклучи во првиот тим на „сините“ со цел да создаде конкуренција на Марк Кукуреља, кој не игра најдобро во дресот на премиерлигашот.