МЗТ го комплетира ростерот со поранешен бек-шутер на Работнички!
Станува збор за искусен бек-шутер, кој европската кариера ја почнал во финскиот тим КТП, по што четири години успешно настапува во Украина. Таму, во два наврати, го носи дресот на Химик, а по една сезона на Киев баскет и на Прометеј, додека си заминува во 2022 година со две шампионски титули (2019 и 2021) и едно МВП признание за најкорисен кошаркар во првенството (2019). Едвин потоа прави трансфер во Работнички, по што се сели во Унгарија, каде што прво игра за Атомерому, а минатата сезона и за ДЕАК, каде што имаше просек од 13,3 поени, 5,3 скока и 5,3 асистенции.
МЗТ со ангажманот на Американецот од Девствените острови го комплетира ростерот со кој ќе ја почне сезоната. Покрај него, улогата на странци ќе ја имаат уште Брандон Слај (САД), Марко Баковиќ (Хрватска) и Милош Копривица (БиХ), а ќе играат заедно со Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.
Аеродромци првиот настап ќе го имаат против црногорскиот тим Теодо на 24 септември во „Јане Сандански“ на стартот од АБА2-лигата.