Пешиќ ги потврди најавите: Србија ќе бара нов селектор
На трофејниот тренер од Пирот му истече договорот со Кошаркарскиот сојуз на Србија по освоената бронза на Олимписките игри ви Париз, а откако и Предраг Даниловиќ се повлече од функцијата претседател, сојузот ќе бара нов селектор.
„Претседателот на КСС, Предраг Даниловиќ поднесе оставка. Како што разбрав тоа го направи за да овозможи на новото раководство да формира нов стручен штаб и да постави нови цели. Кога сум јас во прашање уште пред Париз соопштив дека некој друга треба да го продолжи она што го започнав. Бидејќи гледам дека некои не слушнале, сега им порачувам на одговорните кои во иднина ќе го водат КСС дека треба да најдат нов тренер. Јас секогаш ќе бидам на располагање на српската кошарка, но ќе се насочам кон некои други цели и проекти за кои немав време затоа што 24 часа бев во служба на националниот тим“, изјави меѓу другото легендарниот тренер.
Србија под негово водство стана светски вицешампион и стигна до бронза на Олимписките игри во Париз каде што беше блиску и да слави против американскиот „дрим-тим“.