Потоп во Добој: Загреб го растури Пелистер со 18 разлика!
Хрватскиот тим славеше со 37-19 и утре ќе игра за пехарот против Ал Ахли од Египет кој го освои првото место во другата група во која беа уште Бешикташ и домаќинот Слога. Пелистер очајно го одигра овој натпревар, уште во почетната фаза отиде во висока негатива која на полувреме изнесуваше 11 разлика (9-20).
Разликата продолжи да се зголемува и во вториот дел, Загреб во финишот водеше и со 19 гола разлика (37-18) за во финишот Пелистер да намали за еден гол и да го постави конечниот резултат.
Цикатиќ со пет гола беше најефикасен во тимот на Пелистер, а се истакна голманот Филип Ивиќ со 11 одбрани. Пелистер го освои третото место во својата група поради најслаба гол-разлика и покрај тоа што освои 6 бода, како и Загреб и Татабања.