Реткост во македонскиот фудбал: Натпревар во ВМФЛ ќе се игра под рефлектори

Натпреварот помеѓу Беласица и Охрид во рамките од третото коло во ВМФЛ ќе донесе новитат во овој ранг на натпреварување во македонскиот фудбал бидејќи ќе се игра под рефлектори.

Реткост е во ВМФЛ да гледаме натпревари во вечерен термин, а причина сега ќе биде прославата на 102.  роденден на струмичкиот тим.

Управата на Беласица сака во вечерен термин и во убава атмосфера да го прослави роденденот, па преку социјалните мрежи испрати покана навивачите да дојдат во што пголем број.

Натпреварот е закажан за в недела во 20:00 часот.