Влезот за мечот меѓу Македонија и Грција е - бесплатен!
Во недела од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“, Македонија игра важен меч против Грција од квалификациите за Европското првенство.
Со цел да дојдат што е можно повеќе навивачи и да се направи подобра атмосфера, Одбојкарската федерација на Македонија се реши влезот за овој натпревар за биде бесплатен.