Се јави тренерот на Синер: Мило ми е што вистината излезе на виделина
Утврдено е дека до допингот дошло ненамерно, па на Синер му се одземени 400 бода и 300 илјади долари за полуфиналето во Индијан Велс. Неговиот тренер Дарен Кејхил смена дека со тоа правдата е задоволена.
„Тој никогаш не би направил такво нешто намерно. Се најде во несреќна ситуација, но мило ми е што вистината излезе на виделина и се надевам дека ова може да го остави зад себе и да излезе подобар од оваа ситуација“, рече Кејхил.
Целата ситуација околу допингот се случува на неполна недела пред почетокот на УС Опен каде Синер ќе се обиде да дојде до вториот Гренд слем трофеј во кариерата.