Пеколен почеток за Конте: Верона го демолира Наполи
Првото полувреме помина мирно без погодоци, но затоа во вториот дел почна голгетерската серија на Верона.
Ливраменто во 50. минута погоди за водство од 1-0, а до крајот на мечот уште двапати стрелаше Москера за конечни 3-0.
На вториот меч кој се играше во истиот термин Болоња одигра 1-1 против Удинезе.