Вардар го прегази шведски Гуиф и обезбеди финале на турнирот во Струга
Eкипата на Вардар без проблеми славеше убедлива победа против Ескилстуна Гуиф со резултат 31-18 во рамките од второто коло на Струшкиот турнир.
Швеѓаните рамноправен противник беа само во почетните минути кога поведоа со 2:0, а се во продолжение помина во знакот на Вардар.
Набрзо по неколку одбрани на голманот Гогов, Вардар дојде и до предност од пет голови разлика (10-5). Не се менуваше сликата до крајот на првиот дел кој заврши со воство на Вардар од 14-7.
Уште на стартот од вториот дел, вардарци со три брзи гола за првпат дојдо до двоцифрена предност (17-7). Кога веќе беше јасно кој ќе биде победникот тренер Недановски им даде шанса и на сите ракометари, а и во таква ситуација Вардар ја одржуваше високата предност.
Со оваа победа Вардар обезбеди место во финалниот натпревар кадеш то ќе го бранат трофејот. Портивник на црвено-црните ќе им биде подобриот од мечот помеѓу ПАОК и Пелистер кој се игра вечерва од 20:30 часот.