Санчез по 13 години се врати во клубот каде што за првпат белсна во Европа

Екипата на Удинезе ги израдува навивачите со еден романтичен трансфер и во клубот го врати Чилеанецот, Алексис Санчез.

Санчез токму во Удинезе за првпат блесна на европска сцена, а подоцна го носеше дресот на Барселона, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Интер и Марсеј. 

Удинезе го напушти пред 13 години во трансфер вреден 25 милиони евра, сега се враќа без оштета како слободен фудбалер откако му истече договорот со Интер.