Вардар го испрати Тунижанецот Тарик Бакар на позајмица во Пролет

Ракометарот на Вардарм Тарик Бакар новата сезона во ракометната Суперлига ќе ја започне на позајмица во редовите Пролет.

Бакар дресот на Вардар го носеше во пролетниот дел од минатата сезона, а сега двата клуба се договорија за позајмица. Неговиот договор со Вардар е со важност до јуни 2025 година.

Низ кариерата Бакар ги помина сите младински селекции на Тунис, а во кариерата го носеше дресот уште на Клуб Африкан, Олимпик Солиман и Ксур Есеф.