Крај на една ера: Со драмата против Германија заврши и кариерата на Никола Карабатиќ

Со елиминацијата на Франција во драмата против Германија заврши и кариерата на еден од најголемите француски ракометари во историјата, Никола Карабатиќ.

И не само во Франција, Карабатиќ важи за едно од најголемите имиња во ракометот воопшто во светот, а на 40 години одлучи да стави крај блескавата кариера.

Се надеваше Карабатиќ дека може да ја заврши кариерата со олимписко злато, но сепак Франција беше елиминирана уште во првата пречка во нокаут фазата.

За Карабатиќ ова беше 22. сезона во професионалната кариера во која трипати беше европски шампион со Монпелје, Барселона и Кил, додека со Франција трипати ја освојуваше олимписката титула. Исто така беше и четири пати светски шампион, Европското првенство го освои трипати.